24-годишник полово злоупотребувал 5 годишно девојче со кое бил во роднинска врска

Основното јавно обвинителство Скопје донело Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека вршело други полови дејствија врз девојче родено во 2020 година, дело казниво според член 188 став 5 од Кривичниот законик.
-Осомничениот 24-годишник, во неговиот дом во Волково, неколку пати извршил полови дејствија кои што не се состојат во вагинална, анална или орална пенетрација, врз оштетеното дете со кое е во роднинска врска. Тој го користел моментот додека девојчето било во неговиот дом затоа што живееле во одвоени куќи во ист двор, а потоа и се заканувал да не му кажува на татко и бидејќи ќе ја караат и ќе ја тепаат, информираат попладнево од Јавното обвинителство.
Од ОЈО соопштуваат дека јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор, особено имајќи ја предвид можноста за остварување контакт со детето и потребата за заштита на жртвата од осомничениот.
-Воедно, обвинителството ги ценеше и околностите кои укажуваат на опасност од бегство и можноста да влијае врз постапката. Судот ја прифати ваквата аргументација и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена, посочуваат од Јавното обвинителство.
Ново на Сител
-

Јавните претпријатија тонат во долгови и трупаат загуби
-

Загрижени родители со петиција за забрана и строго регулирање на социјални мрежи за деца под 16 години
-

По втор пат одложено судењето на Стојанче Зарков, обвинет за убиство на сопствената мајка
-

Николоски најави нов експресен пат за поврзување на Коридор 10 со бугарскиот Коридор Струма
-

Нов закон за судски совет
-

Преглед на вестите од светот
-

Ново судење за Пулс - Вработени во Министерството за економија негираат поврзаност со трагедијата
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче во 2018-та гласал за градење мигрантски кампови во Македонија
