-->
-->
24-годишник од Ресен почина од Ковид-19 - се претпоставува дека се заразил на сопствената свадба
-->
Во денешниот билтен на починати од коронавирус во Битола запишано е и 24-годишно момче од Ресен, кое на 25 август било донесено во битолскиот ковид центар во многу тешка состојба, објави порталот ММС.
Директорката на Клиничката болница Битола за порталот ја потврдила веста.
„Беше во многу тешка состојба со ниска сатурација и масивна бронхопневмонија. Поставен веднаш на перманентна максимална кислородна поддршка и соодветна терапија. Земениот брис покажа дека е позитивен. И покрај сите интензивни обиди за реанимација, пациентот утрово почина“, истакнала д-р Билјана Гагачовска.
Според извори на порталот, момчето неодамна правело свадба и неговите блиски претпоставуваат дека најверојатно бил заразен од некој од гостите кои биле присутни.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ахмети пак се закани - Мицкоски не е загрижен
-
По јазикот проблем и химната
-
Светска Банка предлага зголемување на ДДВ од 18 на 19%, но и покасно одење во пензија
-
Премиерот фрли лопата - Нова инвестиција вредна 40 милиони евра и 600 нови вработувања
-
О2 бара државата да забрани увоз на половни возила постари од 10 години
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: ДУИ креира тензии
-
Запленети 4 тона марихуана