23 годишник силувал 11 годишно дете во Тетово
Истражна постапка е покрената против 23-годишник кој се сомничи дека во Желино извршил полови дејствија врз дете кое не наполнило 15 години што е кривично дело казниво согласно член 188 став 5 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.
Судија на претходна постапка од Основниот суд во Тетово по барање на јавниот обвинител му определил мерка притвор од 30 дена.
Од државното Јавно обвинителство денеска информираа дека осомничениот, на 2 јануари во вечерните часови, го запрел 11-годишното дете и на сила го одвлекол во објект во изградба во близина на неговиот дом во Желино, по што почнал пред него да врши други полови дејствија. Детето повикало помош, но осомничениот не му дозволувал да замине, се додека повиците не ги слушнал таткото на детето и му се спротивставил, по што осомничениот се дал во бегство
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Бадникови поворки и литургија - Верниците го одбележуваат Бадник, ден пред Христовото раѓање
-
Дефицит на кадар во охридските музеи
-
Преглед на вестите од светот
-
Koледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
Тема на денот со Александар Николоски министер за транспорт и врски
-
Коледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
МПЦ за коледарските огнови и како се одбележуваат Бадник и Божиќ