223 санкции за брзо возење
Во текот на вчерашниот ден (18.09.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 223 возачи.
Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 117 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 106 надвор од населено место, соопштува МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта.
Ново на Сител
-
Зеленски: Русија веднаш да ги прекине нападите
-
ДЗР: ЈКП „Брегалница” Делчево со 61 отсто загуба на вода, над 6,8 милиони денари обврски кон државата и општината
-
Песков: Оставката на Зеленски не е меѓу барањата на Русија
-
Артета разочаран од ремито со Кристал Палас
-
Павел: Трамп се залага за мир по секоја цена без оглед на последиците за Европа
-
Ликовни и литературни автори донираа дела за хуманитарно-продажната изложба за настраданите во Кочани
-
Средба на Сиљановска-Давкова со Кристоф Камп, висок комесар на ОБСЕ за национални малцинства
-
Гром усмрти жител во прилепско Мажучиште