22 годишник од Дреново се обидел да присили на обљуба 72-годишна жена
– Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донел Наредба за спроведување истражна постапка против 22-годишен жител на Дреново, осомничен дека сторил кривично дело – Силување од член 186 став 1 во врска со член 19 (обид) од Кривичниот законик.
Како што информираат од Јавно обвинителство на Република Северна Македонија, на 18 ноември, со употреба на сила, осомничениот се обидел да присили на обљуба 72-годишна жена. Според ОЈО, тој влегол во нејзиниот дом, покривајќи го лицето со маица, по што се обидел да ја изврши обљубата.
– Надлежниот јавен обвинител му предложи на судијата на претходна постапка да определи мерка притвор за осомниченото лице. Но, судот, ценејќи ги сите околности, не го прифати предлогот и за осомничениот определи мерка куќен притвор за време на која тој не смее да го напушта домот и да комуницира со оштетената, се наведува во соопштението на ОЈО.
Ново на Сител
-

Николоски: Воведовме 23 нови линии, имаме рекордна бројка на патници
-

Одронот пред патарина во Велес е расчистен, сообраќајот на автопатот Скопје - Велес е нормализиран
-

Законот за минимална плата од 600 евра денеска пред пратениците
-

Американската војска е подготвена да го нападне Иран в сабота, Трамп сè уште не донел одлука
-

Почна Рамазанскиот пост
-

Рубио идната недела во Израел ќе се сретне со Нетанјаху
-

Осум скијачи загинаа, еден исчезна во лавина во Калифорнија
-

Без вода касарната Илинден и дел од „Македонско-косовска бригада“
