ОН: 2015 веројатно најтопла година во историјата

Оваа година е на добар пат да стане најтопла во историјата, соопшти денеска Светската метеоролошка организација, само пет дена пред почетокот на самитот на Обединетите нации за климатски промени во Париз.
- 2015 година најверојатно ќе биде најтопла година во историјата, бидејќи температурата на океаните моментално е највисока од кога е почнато да се води евиденција , рече генералниот секретар на СМО Мишел Заро и додаде дека тоа е „лоша вест за планетата“.
Податоците на оваа организацијата при ОН од десет месеци од оваа година, заклучно, со октомври покажуваат дека температурите на копното и морињата се највисоки од кога е спроведено мерењето, откако во 2014 веќе постигна нов рекорд, пренесува Танјуг
Светската метеоролошка организација обично го чека крајот на годината пред да ги објави заклучоците за растот на температурата, но сега се објавени прелиминарни резултати, со цел да бидат информирани преговарачите на самитот на ОН за климатски промени во Париз, соопшти организацијата.
Во Франција, на 30 ноември ќе се соберат повеќе од 145 светски лидери, на 12-дневна конференција чија цел е да се постигне договор за ограничување на глобалното затоплување на два степени Целзиусови во однос на нивото пред индустриската револуција.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика
-

Честит Рамазан Бајрам
-

Брзата помош бележи намален број интервенции на сообраќајки од почетокот на “Безбеден град”
-

Работете од дома, возете помалку, користете јавен превоз - итни препораки од меѓународната агенција за енергетика
-

САД: Руското влијание на Балканот фактор на нестабилност во регионот
-

Приведен директор на испекторат за земјоделство за примање поткуп
-

Со исти предизвици Сојузот на здруженија на дијабетичари одбележува 25 години од основањето
-

Муслимани на Блискиот Исток го слават Бајрам под строги рестрикции и воени тензии
