Македонија
22. December 2021 - 21:16

2 години пандемија од Ковид-19 - дебата дали мерките се издржани и каде грешиме

Задолжителен ПЦР тест за влез во земјава без разлика дали патниците се вакцинирани или го прележале вирусот, а сите оние кои не поседуваат ваков документ да одат во карантин- ова е мерката која според доктор Даниловски во пресрет на празниците би дала резултат за да се спречи ширењето на вирусот но и со оглед на фактот дека омикрон варијант е се поблиску до земјава.

Според него, во перодот што следи треба да се да менува и моделот на учење. Децата да преминат на  комбинирана настава,вели тој, посочувајќи и дека е против најмалите да се вакцинираат против ковид. Со ова се согласуваат и негови колеги кои сметаат дека ова не е решение за да се заштитат возрасните и оние со хронични болести.

Иако на онлајн дискусијата Ковид две години подоцна, учесниците се согласија дека се неопходни нови мерки, министерот за здравство во заминување  не размислува во таа насока. Дополнителни  рестрикции за празниците нема да има, бидејчи според Филипче и  сегашните ограничувања биле добри, а епидемиолошката состојба стабилна. Намален е и бројот на хоспитализации

Медицинските авторитети укажаа на бројни грешки во протоколите на лечење, необученоста на персоналот и високата смртност од ковид, една од најголемите во светски рамки.