-->
-->
196 сообраќајни прекршоци во Скопје, 66 за брзо возење
-->
Во текот на вчерашниот ден(25.05.2023) СВР Скопје продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 196 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 66 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, 15 мерки за непрописно престројување, шест санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло...
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во наредните денови свежи утра, а преку ден сончево и топло до 33 степени
-
Лебот нема да поскапи
-
Во уште една земја-членка на НАТО пронајдени остатоци од руски дрон
-
Пријавена епидемија на труење со храна во Куманово
-
Притвор од 30 дена за првосомничениот за пожарот во Трубарево, останатите тројца во куќен притвор
-
Во Трубарево нема надминување на граничните вредности на ПМ честички
-
Полицајци со калашникови во прилепската болница откако две групи се обиделе да се пресметаат | ВИДЕО
-
Под неисправно возило во Дебар пронајдено оружје и муниција