-->
-->
19-годишното момче повредено во сообраќајката кај „Агриа“ е пуштено на домашно лекување
-->
Момчето кое вчеравечер околу 18.30 часот со својот автомобил падна од патот во дол во близина на велешка „Агриа“ е добро и по укажаната лекарска помош во велешката болница е пуштено на домашно лекување, информира за МИА д-р Ванчо Граматов од Хирушките амбуланти.
Момчето имаше надворешни повреди на глава и по укажаната помош и рендгенско снимање е пуштено на домашно лекување.
Несреќата се случи по лизгав коловоз од дожд. Екипа на СВР Велес треба да утврди што е причината за падот на автомобилот.
Медицинска помош на повреденото 19-годишно момче прво му укажа екипата на Брза помош од Велес која потоа го однесе во Хирушките амбуланти на велешката болница.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава