19-годишен мотоциклист загина во сообраќајка во Скопје

Деветнаесетгодишен мотоциклист им подлегна на повредите здобиени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на крстосницата од булеварот „Никола Карев“ и улицата „Прохор Пчински“ во Скопје.
Како што информираат од МВР, во несреќата учествувале патничко возило „ауди а4“ управувано од Н.Х.(31) од село Визбегово и два мотоцикла – „бмв“ управуван од М.Ф.(19) и „хонда хдв“ управуван од Н.Б.(21), двајцата од Скопје.
Мотоциклистот М.Ф. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде подоцна починал.
По наредба на јавен обвинител, возачот на автомобилот е лишен од слобода, а увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.
Од Јавното обвинителство денеска информираа дека се издаваат наредби и насоки за расчистување на настанот.
- Извршен е увид на лице место, се издаваат наредби и насоки за расчистување на настанот. Обезбедени се снимките од видео надзор а едно лице е задржано и се постапува - велат оттаму.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Ѓорѓиевски: Покрај големите капитални проекти, работиме и на секој детал што значи поголем ред, безбедност и урбана култура
-

Мицкоски: Низ целиот евроинтеграциски процес покажуваме конкурентност и капацитетност, но не поддржувам авантура без извесен крај
-

„Кругот на животот“ - што се крие зад емотивниот поздрав во ООУ „Његош“?
-

Тројца Македонци уапсени во Хрватска, лепеле напелници на сообраќајни знаци
-

НАСА: Поправките на лансирната рампа на проектот „Блу Ориџин“ ќе потраат
-

Уапен гостиварец осомничен за сторени повеќе кривични дела
-

Македонските фудбалери убедливо поразени од Турција, 360 минути без постигнат гол
