-->
-->
189 санкционирани возачи во Скопје, 44 за брзо возење
-->
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (07.06.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 189 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 44 санкции, 20 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се 10 мерки за некористење сигурносен појас, 36 санкции за недавање првенство на минување на пешаци, седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)...
Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Совети за очниот притисок и негово регулирање
-
Битолските пожарникари спасија заглавено лице на дрво во Градскиот парк
-
Мицкоски: Слава за хероите од Карпалак
-
Повеќе од две третини од Украинците сакаат преговори за завршување на војната
-
МЗШВ со финансиска поддршка на ЈП „Национални шуми” во износ од 48 милиони денари
-
Дурмиши: Обезбедуваме попусти до 15 отсто за училишен прибор, вистинска поддршка за семејствата пред школската година
-
Трговците, производителите и дистрибутерите попладнево на средба кај Дурмиши за цените на храната
-
75-годишна македонска државјанка се удави на Халкидики