Македонија
11. February 2020 - 10:41

18- годишно момче избодено со нож во автобус

Вчера во 15.50 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „8 Септември“ било пријавено дека кај нив било примено лице со убодна рана од остар предмет.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека станува збор за Ш.М.(18) од село Чајлане, скопско.

Според пријавеното, околу 15.00 часот во село Бојане, на автобуска постојка во автобус влегол Ј.Н. од село Бојане и со остар предмет му нанел убодна рана во пределот на левата надколеница.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.