17 милиони евра за проекти од годишната програма на Министерството за култура
Министерството за култура го објави списокот на проекти кои ќе добијат пари од овогодинешната програма. За поддршка на проекти од национален интерес од областа на културата предвидени се нешто над 17 милиони евра, што е за еден милион повеќе од лани. Министерството не објави колку вкупно апликации пристигнале, туку само дека валидни биле околу 3.800.
Годинава за прв пат се аплицираше по електронски пат, што според надлежните ја елиминира можноста од малверзации и притисоци при одлучувањето кој проект ќе добие финансиска поддршка од министерството, нешто што претходните години беше проследено со низа скандали.
Годинава најмногу пари има за фестивалот Охридско лето, 325.000 евра, за Струшките вечери на поезијата 114.000 евра. Меѓу позначајните проекти од национален интерес за кои се одобрени повеќе пари се обновата на Лешочкиот манастир со 90.000 евра и за реставрација на Аквадуктот има нешто над 80.000 евра.
-
Мирјана Јовеска
Сите содржини од овој новинар
