Бизнис
20. December 2016 - 19:41

17 компании ја намалија потрошувачката на енергија со проект за енергетска ефикасност

17 те фирми кои го воведоа системот за мониторинг и управување на потрошувачката на енергија успеале да работат по домаќински и да ги намалат трошоците за производството.  Со мали инвестиции во енерегтската ефикасност фирмите годишно би ги намалиле трошоците за енергија до 10 проценти. Ако вложувањата се поголеми заштедите би достигнале  и до 30 отсто.  Ова се пресметките на УСАИД кој проектот за управување со енергија во земјава го воведоа пред четири години.

- Инвесттициите во системот зависат од самата фирма големината и дејноста но во просек инвестицијата се движи од 15 до 40 илјади долари. Ако е поголема се враќа за период од 7 до 8 години. Ако се помали вложувањата за една, две три или пет години,  рече  Драган Блажев- директор на проектот на УСАИД за индустриски менаџмент

За инсталирање на системот за мониторинг УСАИД на компаниите им покри до 50 отсто од трошокот или најмногу до 20 илјади долари.

Фирмите кои го имплеметираа системот главно се средни и големи компании кои се високопрофитабилни. Тие денеска ги презентираа резултатите пред останатите фирми.