-->
-->
162 санкционирани возачи во Скопје, 20 за брзо возење
-->
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.11.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 162 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 20 санкции, осум мерки возење без возачка дозвола, пет санкции за нерегистрирани возила.
Изречени се 10 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест санкции за користење мобилен телефон при возење, четири мерки за недавање првенство на минување на пешаци...
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ го обвинува Коцевски
-
На пазарот фалат над 10.000 работници, ССМ апелирира за зголемување на платите
-
Тутунарите не го предаваат тутунот
-
Годинава регистрирани 51 случај со ХИВ/СИДА – Невладините бараат поголем буџет за превенција и терапија
-
Раритетен археолошки наод - Ѕидана гробница од крајот на вториот век
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ
-
17 уапсени за инцидентите