1603 сообраќајни прекршоци изминатиот викенд
Во текот на изминатиот викенд (22/23.03.2025) како резултат на сообраќајните контроли што ги спроведуваат полициски службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, беа издадени вкупно 1603 платни налози по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила.
Притоа, во рамки на контролите, согласно статистичките податоци по основ на пречекорување на брзината на движење евидентирани се 818 прекршоци, а по основ на непрописното паркирање 177. Исто така во посочениот период, регистрирани се 138 прекршоците по основ на непоседување на возачка дозвола, потоа за некористење на сигурносен појас изречени се 95 санкции и уште 30 прекршоци за неносење заштитна кацига, како и 45 прекршоци за користење на мобилен телефон при возење.
Покрај ова во текот на викендот беа регистрирани 36 случаи на возачи кои што управувале под дејство на алкохол, деветмина минале на црвено светло, а евидентирани се и 14 прекршоци на пешаци. Согласно, пак, Законот од сообраќај биле исклучени 47 возила од кои 36 заради тоа што биле нерегистрирани и 11 заради техничка неисправност.
Ново на Сител
-
Санкциониран возачот кој управуваше возило по тротоар на Бит Пазар и ја загрози безбедноста на пешаците
-
Приведено лице од Кавадарци, возел пијан - а имал забрана за управување возило
-
Ѓоковиќ за проблемот со очите во финалето во Мајами: Не сакам ова да звучи како изговор
-
Во Србија треба да почнат консултации за формирање влада
-
Трамп: Американските царини ќе ги опфатат сите земји
-
До петок повремени врнежи
-
Приведено лице, возело 173 километри на час на автопатот Гостивар - Тетово
-
Приведен бегалец од затвор, вратен е во КПУ Идризово