-->
-->
152 сообраќајни прекршоци во Скопје
-->
Полицијата на територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изрекла вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 50 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, пет за минување на затворен сигнал – црвено светло, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР, информираат дека изречени се и 19 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, четири мерки за користење на мобилен телефон, 12 за технички неисправни и нерегистрирани возила…
МВР посочува дека засилените акциски контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Протести за загадувањето од Вардариште
-
ЦУК: Вкупно 17 пожари на отворен простор, два се активни, четри под контрола, а 11 се изгаснати
-
Милевски: Саудиска Арабија е предизвик за сите наши играчи
-
Кривична за шест вработени во ЈП „Национални Шуми“, го оштетиле буџетот на претпријатието за 170.000 евра
-
Бомби и муниција пронајдени во дом во Идризово, поведена истрага
-
Путин: Подготвен сум да се сретнам со Зеленски
-
Од 2026 три нови дестинации, до Неапол, Вроцлав и Милано, а се враќаат Будимпешта и Катовице
-
Запленети околу 35 килограми марихуана на патот Битола- Прилеп | ВИДЕО