-->
-->
14.то место за Поп-Ацев на СП во Казањ
-->
Македонскиот пливач маратонец Евгениј Поп-Ацев го освои 14.то место на трката на 25 километри на Светското првенство во Казан. Поп-Ацев настапи во конкуренција на 32 пливачи, а осум од нив не ја завршија трката. Во текот на целата трка Поп-Ацев беше пласиран околу 20-то место, а во последните пет километри успеа да стигне до 14.место. Тој патеката ја исплива за 5 часа 4 минути 43 секунди и 7 десетинки, што беше за 11:32.7 минути послабо време од победничкото на Италијанецот Симоне Руфини.
Победникот на трката Руфини до златниот медал стигна со време 4:53.10.7 часа и за 4.4 секунди беше побрз од Американецот Алекс Меер, кој го освои сребрениот медал. Бронзата му припадна на Матео Фурлан од Италија, кој имаше 1:27.3 минута заостанување зад победникот.
Од македонските учесници на СП во спортови на вода ќе настап уште Анастасија Богдановски и Марко Блажевски во пливачките дисциплини.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен 30-годишник за извршена тешка кражба, одреден притвор
-
Трамп ја овластил ЦИА за тајни операции во Венецуела
-
Осумнаесет години од загинувањето на Тоше Проески
-
Ќе се дистрибуира доверливиот материјал до ОИК за локалните избори
-
Дел од корисниците во Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров денеска без струја
-
Времето променливо облачно со повремени врнежи од дожд
-
Украина без струја по руски напади
-
Руте најави дополнителни мерки на НАТО за борба против дроновите