Македонија
25. April 2019 - 16:33

14.000 деца до 5 години од внатрешноста на земјава се невакцинирани од морбили

За една недела регистрирани 95 новозаразени со морбили. Повеќето се од
Скопје и не биле вакцинирани. Според епидемиолозите сеуште постои сериозна опасност од ширење на малите сипаници бидејќи во внатрешноста има 14.000 деца до 5 години кои не примиле МРП.

Од ИЈЗ велат дека секаде во државата е почната теренската вакцинација во училиштата, но засега слаб е одзивот на родителите.

Заразени од морбили има во 21 град. Досега од мали сипаници заболеле 1175 лица. Најмногу се над 30 години, но има и 200 деца до 4 годишна возраст.