14 кандидати за ДИК, партиите веќе имаат свои фаворити
Александар Даштевски и Бобан Стојаноски, актуелен пратеник се двата предлози на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за претседател и член во Државната изборна комисија потврдуваат од опозициската партија.
Од АА И Алтернатива неофицијално предлог за член во ДИК ќе биде Кренар Лога, додека пак од владејачката СДСМ извори коментираат дека членови во највисокото изборно тело би биле и досегашните членови Јанаке Витановски, Борис Кондарко, а во игра се и Оливер Ристовски поранешен министер за правда и Љупка Гугучевска портпаролка во ДИК.
Сеуште нема информации кој би бил член на ДИК на огласот кој што Собранието го распиша пред Нова година пријавени се 14 кандидати, а комисијата за избори и менувања денеска треба да го констатира овој список.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-
МВР откри терористичка ќелија која организирала напади во Македонија и регионот
-
Политички кризи предизвик за новинарите
-
Интеграциите во НАТО низ призма на новинарите
-
Патот на Македонија кон ЕУ низ призмата на Сител
-
Трагедии, храброст и вистина низ призмата на новинарството
-
Регионалните кризи - посебен новинарски предизвик
-
Новинарството под маски и визири во Ковид кризата
-
Од битка за срце до зумба часови - хуманата страна на новинарството