-->
-->
135 санкционирани возачи во Скопје, 57 за брзо возење
-->
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.07.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 135 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 57 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се девет санкции за возење под дејство на алкохол, седум мерки за нерегистрирани возила, пет санкции за возач почетник...
-Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ поднесува повеќе законски измени
-
Перински: Општините веќе имаат поднесено дваестина апликации за финансирање на инфраструктурни проекти
-
Во Штип ќе се градат три паркови со европски пари
-
Преглед на вестите од светот
-
Иницијативата „Кој е следен“ бара реформи во правосудството
-
Тема на денот со Зоран Димитровски, заменик министер за надворешни работи
-
Фатени 188,6 килограми марихуана на ,,Богородица"- Требала да заврши во Турција
-
Владата денеска нема да ги замрзне маржите