Македонија
13. July 2024 - 9:11

133 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (12.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 133 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 17 санкции, 21 меркa за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, пет санкции за користење мобилен телефон при возење, пет мерки за некористење на сигурносен појас...

- Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.