Македонија
2. November 2021 - 15:12

13 приговори пристигнале до ДИК, седум од ТМРО и шест од СДСМ

До денеска, 2 ноември, заклучно со 15 часот, до Државната изборна комисија поднесени се вкупно 13 приговори, и тоа:

- седум приговори од подносителот политичка партија ТМРО, кои се однесуваат на постапката за сумирање и утврдување на резултатите во избирачките места 1156, 1178, 1157, 1182, 1183, 1176 и 1181 во општина Старо Нагоричане и

- шест приговори од Коалицијата предводена од СДСМ, кои се однесуваат на постапката за гласање, односно постапката за сумирање и утврдување на резултатите на избирачките места 2966/1 и 2958/1 во општина Шуто Оризари, избирачкото место број 1612 во општина Конче и избирачките места 835, 874 и 865 во општина Кочани.