Балкан
17. March 2021 - 12:30

12 годишно девојче почина од Ковид-19 во Хрватска

На денешната прес-конференција на Кризниот штаб, речено е дека штотуку ја примиле веста за девојчето кое починало од Ковид-19, дека тоа имало тежок кардиолошки проблем.

Во Хрватска во последните 24 часа забележани се 1.445 нови случаи со корона вирус, а бројот на активни случаи изнесува 5.490.

Од нив 889 пациенти се лекуваат во болница, додека 84 се на респиратор.

Починаа уште 12 пациенти со Ковид-19 или вкупно досега 5.709.

Досега се забележани 253.310 заразени, а оздравеа 242.111 лица.

До денеска тестирани се 1.447.365 примероци, од кои 8.676 во последните 24 часа.

На прес-конференцијата на Штабот рекоа дека пред една недела имало 962 новозаболени, а недела пред тоа 747.

„Во првите три дена од оваа недела имаме 2.265 новозаболени, а минатата недела имаше 46 отсто помалку. Инциденцата е 222.7“, додадоа од Штабот.