Македонија
9. March 2024 - 9:38

115 санкционирани возачи во Скопје

На територија на град Скопје изречени се вкупно 115 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина осум санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за користење мобилен телефон при возење...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.