Македонија
21. January 2025 - 11:19

11-годишник тешко повреден откако паднал од прозор од трет кат во училиште во Прилеп

11-годишен ученик е тешко повреден откако паднал од прозор од трет кат во ООУ “Гоце Делчев” Прилеп.

Ученикот со тешки телесни повреди е примен во прилепската болница “Борка Талески”, каде е констатирано дека се здобил со скршеници на коската од петицата, како и скршеници на пршлените, пренесе Маркукуле.

Поради сериозноста на повредите, детето е итно префрлено на клиниката за детска хирургија во Скопје.