Македонија
21. August 2021 - 13:37

102 пијани возачи казнети и исклучени од сообраќај

Синоќа (20/21.08.2021) во периодот од 22 од 04 часот спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 102 возачи. Од нив најмногу на подрачјата на СВР Скопје – 25, СВР Битола – 19 и СВР Куманово – 14.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.