-->
-->
101 санкциониран возач во Скопје: 12 без возачка, седум за брзо возење
-->
Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден (22.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на главниот град Скопје изречени се вкупно 101 мерка, меѓу кои за возење без возачка дозвола 12, 7 санкции за непочитување на брзина на движење, три за технички неисправни возила за јавен превоз.
Изречени се шест санкции за користење на мобилен телефон, три за минување на затворен семафор (црвено светло) и 29 за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Галичник недостапен за новогодишните празници, снегот од патот неисчистен
-
Пандев спортски директор на националните селекции, Најдоски и Ибраими советници на Омерагиќ
-
Десетици илјади на протести во Белград и во Ниш
-
Без струја утре делови од Аеродром, Сарај и Кисела Вода
-
Традицијата продолжува, блесна новогодишната елка под вода
-
Заплена и апсење за пиротехника
-
Германските имиграциски власти предупредувале за осомничениот од Магдебург
-
По 24 пат накитена новогодишната елка во водите на Охридското Езеро