101 пратеник сте потпишани а 59 на седница, сите ќе земете патни трошоци, влезете во салата и работете, кажа Џафери на пратениците

„Сто саати зборам, три месеци ме држите тука. Цел ден тупите пред медиуми Талат, Талат… Еве ви го Талат овде е. 101 пратеник сте потпишани тука, земате патни трошоци. Влезете во салата и работете. Да, одлуката е по завршување на 32-рата, продолжува 36-тата седница. Поради немање кворум претседателот на Собранието ја прекинува седницата и он одлучува кога ќе продолжи. Ако е ваша волја да не учествувате, тоа е ваша одлука, терајте така. Ќе одговарате пред граѓаните, не пред мене, не сум јас судија овде да ви судам. Јас не сум Фејсбук политичар, по Фејсбук да се водам. Се раководам со процедури, правила и прописи. За она што ве тепаат четири години ве бранам пред јавноста дека не е тоа така, и не се вразумувате. Терајте како што сакате а јас ќе свикам продолжување тогаш кога ќе сум сигурен дека ќе има кворум. А кворумот дали ќе го прават само мнозинството кога ќе оздрават пратениците или ќе се реши и дел од опозицијата да учествува во кворумот она што е во интерес на граѓаните тоа е ваша одлука, не е моја. Јас не можам да ве викам секој ден овде да плаќам по 100 патни трошкови а на седница да имам 50 пратеници, 58 пратеници, 59 пратеници. Зошто? Решил Извршниот комитет, Централниот комитет или не знам кој комитет во која партија. Па што ако дојде Изет, ако дојде Али кога тројца од мнозинството се болни.“, рече Џафери на вчерашната работа на собранието која беше прекината по двочасовна расправа преку процедурални забелешки.
Ново на Сител
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
-

Укинувањето на Пржинската влада влезе во Собрание
-

Што ќе испорача собранието за ЕУ по политичката влада во Софија?
-

Фетаи не доаѓа во Влада - Алиу вели: Не е во државата
