-->
-->
100-то, јубилејно финале за Надал
-->

Рафаел Надал по двегодишна пауза избори пласман во финалето на Мастерс турнирот во Монте Карло. Шпанецот, в недела, ќе игра во своето јубилејно 100-то финале во кариерата.
Осумкратниот освојувач на титулата во Монте Карло, во полуфиналето славеше над Енди Мари. Мечот, кој беше наречен „финале пред финалето“, траеше речиси три часа, а Надал победи со 2:6, 6:4, 6:2.
Противник во финалето на шпанскиот тенисер ќе му биде победникот од второто полуфинале во кое ќе играат Французите Жо-Вилфред Цонга и Гаел Монфис.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски - коалиција „Сите за правично судење“
-

Утре Брвеница бира нов градоначалник
-

Македонската Народна банка ги следи ризиците откако српската „АЛТА банка“ остана без дозвола за работа
-

Три случаи на морбили во Македонија - опасност од ширење на локално ниво
-

Охрид една од најбараните локации за купување станови
-

Собирен центар за текстилен отпад во Штип
-

По 19 пат „Фестивал на костенот“ во М. Брод
-

Само 8% од ромките се вработени, економска зависност и насилство
