Зошто е нечистотијата добра за здравјето на детето?

Научникот Џек Гилберт кој е и автор на книгата Dirt Is Good: The Advantage of Germs For Your Child’s Developing Immune System, почнал да ја проучува „опасноста“ од бактериите откако го набљудувал својот син како си игра надвор:
„Одевме надвор и мојот син си играше во калта, но штом ќе се извалкаше носевме влажни марамици или антибактериско средство за рацете и се грижевме да не дојде случајно нечистотијата во близина на неговото лице“, рекол и додал дека истото важи и за домашните миленици: „Секако дека е во ред да се измијат рацете после играње со куче, но ако кучето го излиже лицето на детето, тоа не е ниту малку критично како што мисат многумина“.
Која е предноста да му се дозволи на детето малку да се извалка? Пред сè, Џек нагласува, намелен е ризикот од алергии. Иако развојот на технологијата и модернизацијата овозможиле подобар животен стандард, исто така ја загрозиле и силата на детскиот имунолошки систем:
„Во минатото јадевме многу повеќе ферментирана храна која содржеше бактерија. Им дозволувавме на децата да бидат изложени на животни, билки, кал и земја на дневна база. Сега повеќе време поминуваме во затворен простор. Ги стерилизираме нашите површини и поради тоа детскио имунитет станал хиперсензибилен“.
Исто така, нагласил дека родителите можат да го подобрат детскиот имунитет на ој начин што нема да трчаат по нив со антибактериски средства и влажни марамици. Советува и родителите да им овозможат на децата доволно лиснат зеленчук и влакна, како и да го ограничат внесувањето на шеќер на дневна база колку што е можно.
Затоа, кога следниот пат вашето дете ќе посака да скокне во калта додека си игра надвор, сетете се дека е тоа сосема во ред, ако не и препорачливо!
Ново на Сител
-

Мицкоски во Њујорк се сретна со заменик секретарот Кристофер Ландау
-

Трамп: Русија ја изгуби контролата врз дизелот, оваа војна мора да престане
-

Три победи за Македонија на првиот ден од Светското првенство во кик-бокс – славеа Нешевски, Николов и Баснарков
-

Бобан Илиоски испиша историја – прв Македонец со договор во GLORY
-

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат - нови цени на горивата од полноќ
-

Мексиканец со лименка пиво удрил полицаец во глава додека го легитимирал на „Октобер фест“ во Ѓорче Петров
-

Граѓаните револтирани: Ја кренале рампата и паркирале на пешачката патека долж ѕидот на Зоолошката во Градски парк
-

Уште едно лице почина од западнонилска треска, 11 пациенти се на Инфективна
