ЗНМ ќе биде вклучено во дебата за измените на Изборниот законик

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ќе биде вклучено во дебатата за измените на Изборниот законик во насока на прецизна и коректна правна рамка за медиумско претставување на кандидатите, како суштинско за демократски изборен процес. Значајна улога во заштитата на одредбите за фер медиумско претставување има и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, чија реформа е заглавена во собраниската комисија за избори и именувања, која се злоупотребува на најгруб начин од страна на опозицијата.
Ова го изјави министерката за правда Рената Дескоска на денешнта завршна конференција „Правна заштита на избирачките права“ во организација на Институтот за правни и политички истражувања, во партнерство со Амбасадите на САД и на Холандија во државава.
Ажурирањето на избирачкиот список, нагласи таа, е особено важно за еднакво избирачко право. Дескоска потсети дека една од препораките на ОБСЕ/ОДИХР за Изборниот законик е токму за ажурирањето на Избирачкиот список, со цел да се овозможи тоа да се прави континуирано со цел никој да не биде лишен од правото на глас.
– Се посочува и потребата лицата со истечен рок на важење на личните докумјенти да не бидат лишени од избирачко право, рече меѓу другото министерката Дескоска.
Ново на Сител
-

ЦУК: Активен пожарот во Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација, девет изгаснати
-

СП 2026: За два натпревара – 30.000 евра
-

Од понеделник променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд
-

Иран повторно ја затвори Ормуската Теснина
-

Еден пожарникар повреден при гаснење пожар во Визбегово
-

Уапсен 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега
-

Граната од Првата светска војна пронајдена во Новаци
-

Спор меѓу Вашингтон и Рим по изјавата на Трамп дека Мелони го „молела“ заедно да се сликаат
