„Златната петорка“ најдобар филм на фестивалот на Југоисточна Европа во Париз
„Златната петорка“ во режија на Горан Тренчовски е прогласен за најдобар долгометражен филм на фестивалот на Југоисточна Европа во Париз и ја доби првата награда за монтажа.
Филмот за петтемина струмички студенти го отвори фестивалот и супериорно ја плени француската публика, а интернационалното стручно жири, во театарот „Палас“, го прогласи за најдобар во силна конкуренција од 15 филмови.
Монтажата на „Златната петорка“ ја потпишуваат Андрија Зафрановиќ и Аристид Филактов.
По главната награда „Златен Грифон“ во Перуџа и по Специјалната награда во Москва, ова е четврта интернационална награда на „Златната петорка“. Досега, за само осум месеци по светската премиера и со над 15.000 гледачи во Македонија, ова е 10-то фестивалско учество на филмот. До крајот на годината е селектиран на уште толку филмски фестивали ширум Европа и Светот.
Продуцентот е во преговори со голема телевизиска компанија заинтресирана да го емитува „Златната петорка“ на над 50 милионска публика, а веќе се преговара и со неколку потенцијални копродукциски страни за поддршка на новиот филмски проект на Горан Тренчовски и продукцијата Револушн од Скопје.
Ново на Сител
-
За продолжениот викенд пороен дожд, грмежи и локална појава на невреме
-
Потврдено повлекувањето на Ковачевски, директни внатрепартиски избори во јуни
-
Таравари: Се уште немам решено дали ќе бидам министер за здравство
-
Определени мерки за претпазливост за Иџет Мемети
-
Автобусите на ЈСП утре ќе сообраќаат по неделен возен ред
-
Милошоски: Нова Влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ до 20 јуни
-
По прегласувањето во ИЕ 6 „Европски фронт“ изгуби, а „Вреди“ доби еден мандат, без промени во ИЕ 5
-
Претседателката Сиљановска Давкова на аудиенција кај папата Франциск