Зибери: 16 затвореници спијат на осум кревети со лебарки и бубашваби во „Идризово“
Народниот правобранител, Насер Зибери на денешната прес-конференција посочи дека условите во македонските затвори се лоши. Најголеми проблеми има во затворот „Идризово“ каде се сместени најмногу затвореници, каде според него состојбата е повеќе од загрижувачка.
„Во шеснаесет метри квадратни, со осум кревети, имаше шеснаесет осудени лица. Во друга просторија од деветнаесет квадрати имаше дванаесет лица. Во голем дел од просториите условите се неадекватни а се сместуваат повеќе од девет лица. Поради несоодветните материјални услови не се врши сместување во второ, петто и осмо крило. Условите не се подобри ниту во просториите кои се користат. Просториите каде се сместени лицата од отвореното одделение и т.н. амбулантско одделение, можат да се опишат како нехумани и деградирачки. Осудените лица сместени во овој оддел беа затекнати како спијат на под, на сунѓери, во ходници, во импровизирани кревети, ставени еден врз друг на три спрата. Хигиената на ниско ниво, а просториите се полни со инсекти како лебарки, бубашваби, тафтабити и слично. Осудените лица се жалат дека немаат пристап ниту до топла вода“, рече Насер Зибери.
Зибери вели дека затворениците таму се сместени во простории со мувла по ѕидовите, каде има стар инвентар, ниско ниво на хигиена, со расипани чешми и дека притворениците се жалат на пристапот до вода, кој не е решен па затоа складираат вода во пластични шишиња.
Проблеми има и во затворот Тетово каде се сместени деца. Тие веќе една година, не посетуваат настава во затворот.
Ново на Сител
-

Маѓар најави дека ќе ги зачува добрите односи со нашата земја
-

Шкендија убедлива со Шкупи, Струга поразена дома од Тиквеш
-

Израелската амбасадорка ги поздрави акциите на македонските власти за истрагата на обидот за палење на синагогата
-

Муцунски со честитки до Петер Маѓар, очекува продолжување на билатералната соработка
-

Приведен жител на неготинско Пепелиште, алкохолизиран и со забрана за управување возило удрил во пешак
-

МВР: Лишени од слобода десет возачи за безобѕирно управување возило, осуммина возеле без дозвола, од кои еден малолетник
-

Папата Лав XIV му одговори на Трамп: Не се плашам, мојата мисија е мирот
-

Туск: Европа не е осудена на авторитаризам по изборите во Унгарија
