Жртвите на докторот на американските гимнастичарки ќе добијат 500 милиони долари отштета

Универзитетот Мичиген и жртвите на сексуалното злоставување на Лери Насар, поранешен доктор на гимнастичарската репрезентација на САД и на универзитетскиот тим во Мичиген, постигнаа начелен договор според кој Универзитетот ќе им исплати 500 милиони долари.
Адвокатите на двете страни во заедничка изјава соопштија дека, според договорот, 425 милиони ќе се исплатат на 332 жртви застапени во сегашната постапка, додека универзитетот во посебен фонд ќе издвои уште 75 милиони долари за идните тужителки.
- До овој историски договор дојде благодарение на одважноста на повеќе од 300 жени и девојки кои имаа храброст да истапат и одбија да бидат замолчени, изјави еден од адвокатите.
Поранешниот долгогодишен доктор на американскиот гимнастичарски тим Лери Насар во декември минатата година беше осуден на 60 години затвор поради сексуално насилство што го извршувал повеќе години, а чии жртви, меѓу другите, биле американските олимпијки Ели Рајсман, Габи Даглас и Мекајл Марони. Повеќе од 125 жени го обвинија Насар дека сексуално ги злоупотребувал. Повеќето се занимавале со гимнастика, некои од нив на највисоко ниво, а некои за време на студирањето на Универзитетот Мичиген, каде што Насар, исто така, работел. Некои од нив биле малолетни. Тој може да биде пуштен од затвор најрано за 25 години.
Ново на Сител
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
-

Македонците со минимална плата можат да купат 19% повеќе храна од пред пет години
-

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
