Животни кои убиваат најмногу луѓе на светско ниво
Комарците убиваат најголем број луѓе во светот секоја година. Следи топ-листата на животни кои директно или индиректно усмртуваат најмногу луѓе.
Како што пренесува порталот „Кликс“, комарците се причината за смртта на околу 725.000 лица годишно, во просек. Овој инсект пренесува маларија, Зика-вирус, западнонилска треска и повеќе други опасни или смртоносни болести.
Зад комарецот е човекот. Просечно, по 400.000 луѓе во една година се убиени од човек.
Змиите, статистички, се „помалку опасни“ - тие годишно убиваат околу 138.000 луѓе. Според Светската здравствена организација - СЗО, во светот има над 600 видови отровни змии, но само 200 од нив се опасни за луѓето. Кралската кобра е една од нив.
Кучињата годишно убиваат по 59.000 луѓе, главно со пренесување на болеста беснило. Ова е особено голем проблем во Азија, Африка и Средна и Јужна Америка. Следни на списокот се тн. грабливи стеници (лат.: Reduviidae), со околу 10.000 усмртени лица, скорпиите коишто усмртуваат 3.300 лица, крокодилите (1.000), слоновите (600), нилските коњи (500) и лавовите (200 убиени луѓе годишно).
Ново на Сител
-

Официјално: Искра Хаџи Василева победи на денешните избори
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
