Жерновски на 25-от Министерски совет на ОБСЕ во Милано

Делегација на Република Македонија, предводена од заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски, денеска и утре ќе учествува на 25-от Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), кво Милано, Италија.
Како што соопшти МНР, на Министерскиот совет најавено е присуство на високи претставници на 57-те земји учеснички на ОБСЕ и партнери на организацијата, меѓу кои и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.
На Министерскиот совет ќе бидат разменети мислења за работата и активностите на Организацијата во изминатиот едногодишен период, во рамките на Италијанското претседавање со ОБСЕ. Воедно, се очекува да се усвојат и поголем број на одлуки и декларации кои се однесуваат на делувањето во трите димензии на Организацијата: политичко – воената, економско – еколошката и хуманата димензија.
Жерновски ќе има свое обраќање на Министерскиот совет, на кој ќе ги претстави ставовите на Република Македонија. Воедно, на маргините на советот, тој ќе оствари и одвоени состаноци со претставници на институциите на ОБСЕ, како и билатерални средби со шефови на делегации на земјите учеснички на Организацијата
Ново на Сител
-

Почина актерката Ленче Делова
-

ЦУК со вонредни информации за поплавите, се интевернира на критичните места
-

Мицкоски од Минхен: За Македонија членството во ЕУ не е милост, одамна е заслужено
-

УХМР: Најмногу дожд во Гевгелија, Штип и Попова Шапка
-

Идентификуван и уапсен сторител на разбојништво во Штип
-

Силекс од 1:0 до победа од 2:3 во Струга
-

ЦУК: Евакуирани 180 лица од поплавени куќи во Кичево, во Беловиште заглавени две деца со мајка
-

ЗОИ 2026: Атанасовска не ја заврши првата трка во велеслаломот, води Брињоне
