Жбогар во Неготино се запозна со проектите финансирани со европски пари

Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска го посети Неготино во рамки на кампањата „ЕУ за тебе” чија цел е да се подигне свеста и да се информира јавноста за помошта на Европската унија во земјата.
Жбогар се сретна со градоначалникот Ванчо Апостолов и се запозна со проектите финансирани со европски пари.
Во изјава за медиумите, Апостолов соопшти дека го информирал амбасадорот околу европскиот проект за прекугранична соработка со општината Алмопија од Грција кој се однесува на развојот на пчеларството и изградба на патна инфраструктура, патниот правец од Горни Дисан до Вешје, Неготинско.
- Воедно го информирав и за апликацијата и одобрувањето на два нови проекта во кои сме вклучени заедно со грчките општини Алмопија и Пела, во соработка со ЕУ и ИПА програмата, во вредност од околу еден милион евра. Општината ќе кофинансира околу 15 проценти. Станува збор за проект за енергетска ефикасност кој ќе се имплементира заедно со гимназијата „Свети Кирил и Методиј” и друг, кој ќе се спроведува со јавното комунално претпријатие. Бенефитите од реализацијата на двата проекта ќе ги користат сите граѓани на општина Неготино, нагласи градоначалникот.
Aамбасадорот Жбогар изрази задоволство од посетата на Неготино и исто така се осврна на завршувањето на проектот поврзан со пчеларството, преку обуки на пчеларите и производство на мед. Вакви проекти, рече, ја поттикнуваат и охрабруваат меѓуграничната соработка на општини од различни земји.
- Меѓуграничната соработка е суштина на соработката во ЕУ. Ваквите проекти покажуваат дека Унијата се залага за подобрување на животите на луѓето. Ми претставува задоволство што општината, како што кажа градоначалникот, е доста успешна во добивање средства од ЕУ фондови, напомена Жбогар.
Ново на Сител
-

Мисајловски: Имаме стабилна и безбедна ситуација, тоа што го прави претседателот Трамп за мирот го поздравуваме
-

Франција: Речиси 70.000 смртни случаи поради тутун, голем товар за јавното здравје
-

ЕП ја оневозможи вештачката интелигенција на таблетите на пратениците поради безбедност
-

Трагично заврши потрагата по исчезнатиот Виктор од Прилеп
-

ОН: Откритијата во досиејата на Епстин може да претставуваат злосторства против човештвото
-

Ѓорѓиевски: Градежните активности се одвиваат во полн ек
-

Полицајци спасија жител на Македонска Каменица, кој беше заглавен на тераса откако настана пожар во неговата куќа
-

За една седмица „Безбеден град“ констатирал 4490 сообраќајни прекршоци, за 10% помалку од предходната седмица
