Балкан
25. August 2024 - 8:55

Земјотрес од 4,3 степени ја погоди Грција: Епицентарот бил блиску до Халкидики

Земјотрес  ја погоди Грција со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил на 26 километри од популарно туристичко место на Халкидики, соопшти ЕМСЦ.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри.

Засега нема информации за евентуална материјална штета.