Земјоделците ќе можат да се стекнат со старосна пензија
Владата на својата последна седница ги усвои измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, со кои им се излегува во пресрет на барањата на земјоделците во нашата држава. По усвојувањето на овој закон од Собранието, ќе се создадат законски можности неколку стотици индивидуални земјоделци да се стекнат со старосна пензија. Ова законско решение ќе почне да се применува од 1 јануари 2016 година.
Ова на денешната прес-конференција го соопшти министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, кој појасни дека со ова законско решение им се излегува во пресрет на барањата на здруженијата на земјоделци, синдикатите и голем број на граѓани.
- Со овие измени се предлага да се воведе законска можност на земјоделците да им се смета во нивниот стаж и времето поминато во осигурување според Законот за старосно осигурување на земјоделците, кој се применуваше во перодот од 1978 до 1988 година. Со тоа би се создале можности за исполнување на минималните услови за остварување право на старосна пензија (15 години пензиски стаж), рече Спасов.
За оваа мерка, како што додаде министерот, Владата ќе одвои околу 34 милиони денари на годишно ниво за исплата на пензии.
- Ако осигуреникот нема целосно утврден стаж на осигурување по 1 јануари 1989 година, заради исполнување на условите за остварување право на старосна пензија, ќе се смета времето поминато во осигурување според Законот за старосно осигурување на земјоделците кој се применуваше од 1978 година до 1988 година, доколку бил пријавен во осигурување и придонесот за тоа осигурување е платен во време на важењето на Законот за старосно осигурување на земјоделците и доколку изврши уплата на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување за период по 1 јануари 1989 година, до исполнување на условот од 15 години стаж на осигурување доколку бил пријавен во задолжително социјално осигурување по 1 јануари 1989 година, појасни Спасов.
Одговарајќи на новинарско прашање, министерот рече дека со оваа мерка ќе бидат опфатени околу 400 земјоделци.
Ново на Сител
-
Трамп: Ќе се случи нешто во Украина, работите ќе се средат
-
Андоновски: Имаме капацитет за спроведување дигитален попис, во 2026-та ако бидеме подготвени
-
Скопје денеска со третата највисока температура во Европа – 41,7°C
-
Орбан: Да бараме од нашите семејства да плаќаат 3,5 пати повеќе за гас? Тоа не е лидерство, туку економско самоубиство
-
Путин: Русија ќе ги намали воените трошоци и е отворена за преговори со Украина
-
Рекордни температури и пожари на Балканот, се очекува разладување за викендот
-
Вицепремиерот Николоски учествува на Форум за министри за транспорт во Истанбул
-
Сиљановска-Давкова ги прими припадничките на Армијата кои успешно ја завршија обуката во САД