Земјите во развој би можеле да загубат 85 отсто од приходите од нафта

Приходите од нафта и гас на земјите во развој би можеле да достигнат најниско ниво во последните повеќе од две децении, доколку потрае сегашната состојба на пазарот на енергенти, предупредуваат Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) и Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) во заедничко соопштение.
Генералниот директор на ИЕА, Фатих Бирол и генералниот секретар на ОПЕК, Мохамед Баркиндо изразија „длабока загриженост“ поради пандемијата од коронавирусот, предупредувајќи дека таа би можела да има „потенцијално долгорочни економски и општествени последици“.
Бирол и Баркидо наведуваат во соопштението дека очекуваат земјите во развој оваа година да забележат пад на приходите од нафтата и гасот за 50 до 85 отсто, додавајќи дека е „значајна пазарната стабилност, бидејќи производителите ги чувствуваат последиците“.
Цената на северноморската нафта „бренд“ изнесува 29,91 долар за барел, што е намалување од 0,7 проценти во однос на претходниот ден, додека американската нафта WTI поскапела за повеќе од еден отсто, на 28,98 долари за барел.
Ново на Сител
-

Речиси една петтина од француските бензински пумпи останаа без гориво
-

ДЗР: Низок процент на опфат на скрининзите за рак на дојка и матка
-

Герасимовски: Почна реконструкцијата на улицата „Ленинова“, воведен привремен режим на сообраќај
-

Апелација ја укина двегодишната казна затвор за Лидија Димова
-

Голема полициска акција на МВР за трговија со кокаин, претреси на 15 локации
-

Цената на нафтата расте додека се приближува рокот за ултиматум на Трамп кон Иран
-

Приведен 22-годишен скопјанец, му нашле производи без документација
-

Стратешка енергетска соработка: Божиновска на средба во Белата куќа со советник на Трамп
