Зеленски во Вашингтон: Не чекајте ноември да и помогнете на Украина
Во Вашингтон, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика политичките лидери во САД да не го чекаат исходот од претседателските избори во ноември за да преземат решителни мерки за да ѝ помогнат на неговата земја во војната против Русија.
„Сите го чекаат ноември. Американците го чекаат него, како и Европа, Блискиот Исток, Пацификот, целиот свет, а да бидам искрен, и рускиот претседател Владимир Путин го чека ноември“, рекол Зеленски во говорот на институтот „Роналд Реган“ во пресрет на Самитот на НАТО, пренесува Ројтерс.
Тој додал дека е време да се излезе од сенка и да се донесат цврсти одлуки, да се дејствува и да не се чека ноември или кој било друг месец“.
Зеленски, исто така, навел дека не може да предвиди што ќе направи Доналд Трамп доколку повторно стане претседател.
Тој се надева оти Трамп нема да го напушти НАТО и дека Америка ќе продолжи да ја поддржува Украина.
„Не го познавам многу добро“, кажал Зеленски, додавајќи дека имал „добри средби“ со него, но тоа било пред војната во Украина во 2022 година.
Самитот на НАТО по повод 75-годишнината од Алијансата, на кој присуствуваат бројни светски лидери, меѓу кои и Зеленски, како и македонска владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, ќе трае до 11 јули.
Ново на Сител
-
Штипјанка пронашла делови од човечко тело за кои претпоставува дека се на нејзината мајка
-
Почина маж по пад од дрво, приведена неговата невенчана сопруга
-
АА: Братството со Србија го откри вистинското лице на оваа Влада
-
Ердоган: Нетанјаху ќе биде запрен како Хитлер
-
Царинската управа ќе работи на воспоставување на нов граничен премин Клепало
-
Музиката може да поттикне побрз раст и развој на растенијата
-
Јаневска: До крајот на мандатот услови за едносменска настава во сите училишта и ангажирање на 3000 вишок наставници
-
Фудбалски тим од третата грчка лига останал без опремата додека со траект патувал од Крит за Атина