Зеленски во нова видео порака предупреди дека Русија може да употреби хемиско оружје во Украина
– Украинскиот претседател Володимир Зеленски ноќеска изјави дека Русија може да употреби хемиско оружје во Украина и го повика Западот да воведе силни санкции за Москва да не се осмели да зборува за употреба на таквото оружје.
Во текот на денот беа објавени непроверени извештаи кои сугерираат дека Русија користела хемиско оружје во Мариупол, пристанишниот град на југот на земјата.
„Ние го сфаќаме ова многу сериозно“, рече Зеленски во видео обраќањето. Украинскиот претседател, сепак, не кажа дека такво оружје веќе било употребено.
-Би сакал да ги потсетам светските лидери дека веќе е разговарано за можната употреба на хемиско оружје од страна на руската војска. Дури и тогаш тоа значеше дека е потребно поостро и побрза реакција на руската агресија, додаде тој.
Помошникот градоначалник на Мариупол Петро Андрјушенко во своите извештаи преку Телеграм напиша дека хемиските напади не се потврдени и оти очекува подоцна да може да објави детали и објаснувања.
Портпаролот на Пентагон Питер Кирби рече дека САД се запознаени со извештаите.
-Во моментов не можеме ништо да потврдиме, но ќе продолжиме повнимателно да ја следиме ситуацијата, рече тој.
„Овие извештаи, доколку се вистинити, се длабоко вознемирувачки и укажуваат на стравувањата што ги изразивме за можноста Русија да користи воени средства“, рече тој.
Ново на Сител
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба
-
Во март пониски увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи
-
Камионџија од Украина пронајден починат на Табановце
-
Пленковиќ го доби мандатот за состав на нова влада на Хрватска
-
Продажните цени на производителите на индустриските производи во март пониски за 1,5 отсто на годишно ниво
-
Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје
-
Сообраќајка меѓу три возила во Скопје: Повредени четири лица
-
Град Скопје: Премиерот од Форино кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори