„Зелените“ бараат двојазична германско - турска телевизија во Германија
Еден од двајцата ко - лидери на партијата на „Зелените“ Ездемир Чем бара Германија да основа јавен телевизиски сервис, кој ќе емитува програма на турски и германски јазик.
Чем, кој има турско потекло, смета дека на Турците во Германија им е потребен медиум на мајчин јазик за да можат полесно да се интегрираат во земјата.
„Потребна ни е германско - турска телевизиска станица. Германија со децении ги отфрла потребите на тие што пристигнале во земјата од Турција да се чувствуваат како дома и активно да се вклиучат во политиката. Ни треба пакт за Турција договорен од сите партии, во смисла на внатрешна политика што значи да се интегрираат германските Турци во медиумите и културата“, изјави Чем во интервју за весникот „Рајнише пост“.
Според лидерот на „Зелените“ стратегијата за Турците треба да вклучува дозвола за турските политичари слободно да се обраќаат на нивните граѓани во Германија затоа што демократските стандарди во земјата го налагаат тоа. Во знак на добра волја Турција треба да го ослободи германскиот новинар со турско потекло на весникот „ Ди Велт“ Дениз Јучел кој е обвинет од Анкара за помагање на терористичката организација на Курдите ПКК.
Чем кој е екс пратеник во Европскиот парламент лани беше под полициска заштита откако од протурски активисти доби десетици смртни закани затоа што во Бундестагот ја поддржа резолуцијата со која масакрот врз Ерменците во првата светска војна од страна на Отоманската империја беше прогласен за геноцид.
Изјавата на Чем доаѓа во период на најлоши дипломатски односи меѓу Берлин и Анкара во ситуација кога неколку градови забранија митинзи на кои турски претставници треба да ги промовираат уставните промени во Турција поради безбедносни причини. гм/ссм/16:01
Ново на Сител
-
Министерката Јаневска ќе се обрати на Самитот Македонија 2025 на панелот посветен на образованието на иднината
-
Повремените врнежи поволни за земјоделството, производителите да преземаат мерки против појава на плевели, болести и штетници
-
Без струја делови од Кисела Вода и Сарај
-
Членовите на АФЕТ ќе гласаат по извештаите за Црна Гора и Молдавија
-
Антетокумпо подготвен да ги напушти Милвоки Бакс
-
Романец ќе го суди финалето помеѓу ПСЖ и Интер
-
Конте: Играме над нашите можности, благодарност на играчите за тоа
-
Рекордна заработка од „Ел класико“