Здружението на судии ги осудува нападите врз независноста на судството
Управниот одбор на Здружението на судиите најостро ги осудува нападите врз независноста на судството и ги повикува надлежните институции да преземат конкретни активности во насока на обезбедување на принципот на владеење на правото и целосното функционирање на правната држава.
Оваа реакција доаѓа откако во изминатиот период преку јавни обраќања и отворени писма адвокатот Јовица Страшевски, бранител на поранешниот градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски во случајот „ТНТ“ ги прозиваше судијата-поротник, Судот и Судскиот совет, барајќи поротничката да не се појавува повеќе на судења бидејќи и е истечен четиригодишниот мандат.
– Управниот одбор на Здружението на судиите на РМ на телефонската седница, одржана на ден 08.01.2020 година, расправаше за новонастанатата состојба во Основен кривичен суд Скопје и во потполност се согласува со соопштените до јавноста од страна на истиот суд објавено на веб страната на судот и средствата за информирање, при што најостро ги осудува сите видови на напади врз независноста на судството, интегриететот на судиите и нападите врз работата на било кој друг орган од судска надлежност, истовремено повикувајќи ги сите процесни чинители на „воздржаност“ и целосно почитување на законот во однос на нивното постапување, се наведува во денешното соопштение на Здружението на судии.
Од Управниот одбор на Здружението на судии ги осудуваат сите видови на опструкција на правдата, повикувајќи ги сите надлежни институции во рамките на нивните надлежности да преземат конкретни активности во насока на обезбедување на принципот на владеење на правото и целосното функционирање на правната држава.
Ново на Сител
-
Курти за вонредни избори во Косово: Опозицијата да се подготви, ние сме секогаш подготвени
-
Фицо е во тешка животозагрозувачка состојба
-
МОН: Започна печатењето на одобрените учебници од прво до седмо одделение
-
Кривична пријава за полициски службеник за малтретирање во вршење на службата
-
Обид за атентат врз словачкиот премиер по состанок на Владата
-
Нетанјаху ја отфрли Резолуцијата на ОН за поддршка на признавањето на палестинската држава
-
Часовници на Шумахер продадени на аукција за 4,1 милион евра
-
Намалени производството и продажбата на шумски производи