Македонија
27. July 2024 - 16:58

Завршува општата расправа за ребалансот на буџетот - од понеделник на ред се опозициските амандмани

Ќе донесе ли ребалансот поголеми плати за вработените во здравството, образованието и кулутурата согласно колективните договори, или пак, новата власт не предивдува пари за нив. Трет ден разговараат за ребалансот на буџетот во парламентот.

Опозицијата обвинува дека новата власт нема разбирање за работниците и дала лажни ветувања во предизборитето. Од мнозинтвото возвраќаат дека оставена е огромна буџетска дупка, која сепак ќе биде покриена со домаќинско работење.

Расправата за најбитниот финансиски акт во државата продолжи и со вообичаените меѓусебни обвинувања кој направил поголеми злоупотреби на буџетот додека бил власт.

Во понедленик пратениците продолжуваат со амандамнската расправа. Поденесени се 58 амандмани. Пратениците на СДСМ бараат повеќе пари за зголемување на платите во јавниот сектор, з анагарда на пожарникарите, за субвенции... од ДУИ пак, најчесто барале пари за поддршка на општините Липково, Кичево, Боговиње...