Ракомет
21. March 2016 - 9:12

Завршија женските ракометни квалификации за Рио

По завршувањето на трите квалификациски турнири познати се сите 12 репрезентации во женска конкуренција кои ќе учествуваат на ракометниот турнир на Летните Олимписки игри во Рио.

Квалификациите успешно ги минаа селекциите на: Холандија, Франција (турнир во Мец), Романија, Црна Гора (турнир во Архус), Русија и Шведска (турнир во Астрахан).
Од домаќините на турнирите само Данска се успеа да се пласира на Игрите.
Претходно пласман изборија: Бразил (домаќин), Норвешка (светски првак), Шпанија (финалист на ЕП), Ангола (првак на Африка), Аргентина (второпласирана на Пан Американски игри) и Јужна Кореја (првак на Азија).
Машките ракометни квалификации ќе се играат од 8-10.април, а Македонија ќе игра на турнирот во Гдањск заедно со домаќинот Полска, Тунис и Чиле.