Заврши жетвата на јачмен во Кумановско

Заврши жетвата на јачмен во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане. Годинава жетвата почна порано во однос на лани, поради високите температури, информира подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
- Жетвата на пченицата привршува и досега ожнеани се 85 отсто од насеаните површини, изјави Бранкица Димковиќ од подрачната единица на МЗШВ.
Таа истакна дека приносите на јачменот и на пченицата кај семејните стопанства се послаби во однос на минатата година.
- Приносите се движат од 1.500 до 2.000 килограми и на двете култури, што се должи на лошите временски прилики. Кај претпријатијата приносите се поголеми во однос на индивидуалните земјоделци, но и таму се послаби во однос на лани, истакна Димковиќ.
Пченицата годинава се сеела на површина од 12.820 хектари, од кои најголем дел сееле индивидуалните земјоделци на 10.820, а претпријатијата на површина од 2.000 хектари. Јачменот бил засеан на 8.713, од кои на 1.000 хектари сееле претпријатијата, а производителите на 7.713.
Земјоделците од трите општини сееле и целосно ја завршиле жетвата на рж на површина од 347 хектари, како и на овесот кој годинава се сеел на површина од 901 хектар.
Ново на Сител
-

Србија не поканила делегација на Европскиот парламент да ги набљудува парламентарните избори
-

„ВИ“ ги презема рутинските задачи на пазарот на трудот, работодавачите бараат „човечки“ вештини
-

Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Рубио за санкциите кон МКС
-

Тинекс останува Тинекс!
-

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети – констатирани 161 прекршок
-

Сообраќајка на влезот на Скопје - километарски колони на возила
-

ПЕТ центарот ќе работи и за викенд
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
