-->
-->
Заврши Меѓународниот фолклорен фестивал „Св.Јоаким Осоговски“
-->
Во Крива Паланка синоќа заврши дванаесеттиот Меѓународен фолклорен фестивал „Св.Јоаким Осоговски. Во изминатите три дена градот живееше во ритамот на фолклорот и традицијата од седум земји од Балканот и Европа, а на сцената на градскиот плоштад продефилираа над двесте учесници кои ги презентираа своите културни придобивки.
Учествуваа фолклорните ансамбли и културно-уметнички дурштва од Турција, Србија, Босна и Херцеговина, Словачка, Белгија, Бугарија и Македонија.
- Фестивалот помина во одлична атмосфера, ние како организатори сме презадоволни бидејќи учесниците заминуваат со убави впечатоци,а граѓаните во огоромен број ги проследија сите три вечери и уживаа во перформансите од гостите. Се надевам дека сме ја постигнале првичната цел, да ја зголемиме празничната атмосфера во градот пред големите христијански празници кога Крива Паланка слави, а манастирот е преполн туристи, изјави Арсенчо Алексовски, градоначалник на Крива Паланка.
Најкарактеристичен беше настапот на карневалската група „Жиллови“ од Самбервил кои ја затворија фестивалската програма со специфичен ритуал.
- Според програмата недостасуваа групите од Северн Кипар и Испарта, Турција, но сите 15 групи кои настапија беа впечатливи со своите традиционални елементи кои ги донесоа на сцената Фестивалот беше заокружен со симболичните елементи на кореорафијата што ја изведоа гостите од Белгија, кои според нив се знак на берикет и благосостојба-рече директорот на Националната установа Центар за култура, Александар Рангелов.
Организатори на Меѓународниот фолклорен фестивал се локалната самоуправа на општина Крива Паланка и Националната установа Центар за култура, Крива Паланка. Настанот е дел од програмата на манифестацијата „Топол културен бран 2016“, поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Промоција на македонски вина и вински туризам утре во Тирана
-
ОЈО поведе истражна постапка против скопјанец кој со мотоцикл удри 10-годишно девојче на пешачки премин во Чаир
-
Макрон по средбата со Зеленски: Украина е подготвена за безусловен прекин на огнот
-
Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи
-
Путин: Курск е целосно ослободен
-
Зеленски и Трамп ќе имаат уште една средба во Рим
-
Кривична пријава против три лица од Гевгелија осомничени за криумчарење мигранти
-
На ГП „Блато" приведен 20-годишен албански државјанин баран од Интерпол Норвешка