Засилени безбедносни мерки во Атина
Закажаните демонстрации за попладневните часови, во комбинација со сериозните инциденти на протестот во неделата, носат засилени безбедносни мерки во грчката престолнина, особено во делот околу плоштадот Синтагма и грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина.
Безбедносните мерки се и поради тоа што за разлика од неделата кога парламентот беше празен, сега во него, во тек е расправата.
Според грчките медиуми, кордони од полициски автобуси ќе бидат поставени на неколку места околу парламентот, со акцент врз делот каде се наоѓа влезот, а кај споменикот на Незнајниот јунак, онаму каде што во неделата демонстрантите се обидоа да упаднат во дворот на парламентот, ќе биде зголемено присуството на специјални полициски единици.
Метро станицата на плоштадот Синтагма, ќе биде затворена од 16.30 часот по локално време.
Ново на Сител
-
Малолетниците во просек до пет часа дневно на интернет
-
Во поплавите во Тексас загинаа над 50 луѓе
-
На ГП „Богородица“ се чека од 30 до 40 минути
-
Маск формира нова политичка партија во САД
-
Во Рио де Жанеиро се одржува 17 Самит на БРИКС
-
ЦУК: Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат
-
Никола Станишиќ им се поклони на жртвите во Кочани и победи во „Ѕвездите на Гранд“
-
Многу топло и денеска, владините препораки за заштита ќе траат до вторник, пад на температурите од среда